Ердоган: Налогот за убиството на Кашоги доаѓа од највисоко ниво

124

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека налогот за убиството на новинарот Џамал Кашоги стигнал од „највисоко ниво“ од саудиската Влада.

Во авторски текст за „Вашингтон пост“, Ердоган пишува дека „ниту секунда не поверувал дека кралот Салман го наложил убиството на Кашоги“.

– Жално е што саудиските власти се обидуваат да го прикријат злосторството – вели Ердоган и истакнува дека мора да се открие идентитетот на тие кои стојат зад убиството на саудискиот новинар.

Ердоган предупреди дека долгогодишното пријателство на Анкара со Ријад не значи дека Турција ќе го игнорира „ова планирано убиство“ на својата територија.

– Никој повеќе да не се осуди да изврши такво злосторство на територијата која е сојузник на НАТО, инаку ќе има сериозни последици, истакна турскиот претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...