Турските власти планира да разговара со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за користење на авиобазата Инџирлик, во случај на воена операција во Сирија, соопшти денеска портпаролот на турското МНР Хами Аксој.
Тој прецизираше дека на таа тема ќе се разговара за време на посетата на Столтенберг на Анкара в понеделник.
Генералниот секретар на Алијансата ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со началникот на Генералштабот на турската армија генерал Хулуси Акар, со министерот за надворешни работи Мевљут чавушоглу и со министерот за одбрана Нуретин Џаникли.