Ердоган: Испораката на ракетните системи С-400 од Русија ќе почне до 15 јули

111

Испораката на руските противракетни системи С-400 во Турција ќе почне во првите 15 дена од следниот месец, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Од моментот кога ќе почне испораката на системите, ќе бидат одреди локациите каде тие ќе бидат лоцирани – нагласи тој.

Според него, зделката со Русија е направена со „многу добри услови за Турција“. Ердоган ја даде таа изјава синоќа по предупредувањата од Вашингтон дека ќе воведе санкции за Турција поради купување на ракетните системи С-400 од Русија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...