Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е најпочитуваниот лидер во арапскиот свет, покажува анкета на арапската редакција на Би-Би-Си. Анкетата цитирана од весникот Акшам е направена врз 25 илјади млади лица од 11 држави – Тунис, Алжир, Судан, Палестина, Мароко, Египет, Јордан, Либан, Ирак, Јемен и Либија.
Ердоган е убедливо на првото место со подршка од 51 отсто. Владимир Путин е со поддршка од 28 отсто, а претседателот на САД, Доналд Трамп – 12 отсто од младите во арпаскиот свет.
Во Судан и во Јордан поддршката за Ердоган е над 75 отсто, додека Путин „води“ во Либија, Либан и во Египет.
Во истата анкета државите од тој регион укажуваат дека најголема закана за нив е Израел. Според Јемен и Ирак тоа е Иран, додека во Ирак на второ место е САД.
Од анкетираните 13 отсто млади изјавиле дека не се религиозни во споредба со 8 отсто во анкета од 2013 година. Најмногу оддалечување од религијата пред се е забележливо кај лица под 30 години – 18 отсто. Во Тунис тој процент е 30 отсто, а во Либија – над 20 отсто.
EPA /TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFIC