Како што јави турската новинска агенција Анадолија, Ердоган наведе дека решавањето на сирискиот конфликт е прашање кое не ја засега само Сирија, туку и Турција.
– За прашањата што ги засегаат интересите на нашата земја ние сме подготвени на сѐ што е неопходно, наведе Ердоган.
Тој истакна дека државите кои ќе соработуваат со Турција ќе постигнат успех, а тие противниците на Анкара се осудени на неуспех.
– Земјите кои ги поддржуваат терористите се закана за сопствената безбедност, посочи Ердоган, додавајќи дека САД преку Ирак во Сирија испратиле од 22.000 до 23.000 камиони со оружје и воена опрема за терористите.
Претседателот на Турција посочи и дека Анкара очекува да се исполни договорот за сирискиот реон Манбиџ односно реонот да биде исчистен од терористи, а власта да му биде предадена на локалните жители.