Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска во Лондон дека САД ја изгубиле улогата на посредник во кризата на Блискиот исток по преместувањето на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
– Со тој чекор Америка избра да биде дел од проблемот, а не решение и ја изгуби улогата на посредник на Блискиот исток – изјави Ердоган.
Преселбата на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим за Ередоган е „многу несмасен чекор“ и предупреди на зголемување на тензиите кои би можеле да запалат уште поголем оган во тој регион.