Турција ќе ги нападне сириските владини сили каде било во северна Сирија, ако уште еден турски војник биде повреден, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој додаде дека Турција е одлучна до крајот на февруари да ги потисне сириските владини сили зад турските набљудувачки пунктови во северозападната покраина Идлиб.
– Тоа ќе го направиме на кој било начин, од воздух или од земја – посочи Ердоган.
ФОТО: EPA / ERDEM SAHIN