ЕРГА ОМНЕС ИЛИ ЕРГА ГОМНЕС ?

Видете, драги наши колосални будали. Ако тоа е решението „ерга омнес" што ќе биде прифатено, не ви треба Ристо Никовски за да сфатите дека ова е промена на нашиот национален идентитет. Од корен! Тоа ќе ви го каже секој нормален човек.

6518

Замислете како ШКБ (Штабот на колосалните будали) ја разбира формулата “ерга омнес” за употреба на новото компромисно име што ќе го договорат Скопје и Атина…

Според ШКБ, новото име ќе било запишано и во учебниците. Меѓу другото… И тоа ништо битно нема да сменело.

И сега, еве замислете, го праќате своето дете или внуче прваче. Дете родено од татко Македонец и мајка Македонка. Во Република Македонија со сегашното меѓународно име БЈРМ.

Неговото училиште, на пример, се вика „Гоце Делчев”. На таблата е напишано името на училиштето, името на општината (Центар) и на градот (Скопје), како и името на државата – Република Горна Македонија.

Првачето ќе научи дека Гоце Делчев е роден во Килкиз, Грција и дека се борел за слобода на Горна Македонија. Тато (дедо), зошто тој Гоце од Грција се борел за слобода на Горна Македонија? Зошто не се борел за Грција?

Во учебникот по Општество ќе пишува: „Мојата татковина се вика Република Горна Македонија”. Тато (дедо), зошто твојата татковина се вика Македонија, а мојата Горна Македонија?

Меѓу првите песнички што ќе научи да ги пее првачето, нормално, ќе биде химната. Напишана од поетот Владо Малески од Струга, Горна Македонија. Песната ќе почнува со стиховите „Денес над Горна Македонија се раѓа ново сонце на слободата”.

Вашето прваче ќе биде вредно и паметно и на крајот на годината ќе добие свидетелство. На кое некаде ќе мора да пишува Република Горна Македонија.

Итн, итн…

Видете, драги наши колосални будали. Ако тоа е решението „ерга омнес” што ќе биде прифатено, не ви треба Ристо Никовски за да сфатите дека ова е промена на нашиот национален идентитет. Од корен! Тоа ќе ви го каже секој нормален човек.

Само, јас НЕ ВЕРУВАМ дека Заев, Владата и СДСМ ќе се согласат на такво „ерга омнес” решение. Повторувам, НЕ ВЕРУВАМ! Зашто тоа и не е ерга омнес, тоа е ерга гомнес решение!

Го предупредувам Штабот на колосалните будали да не брза со заклучоци и да не го потценува Заев. Да не го валкаат човекот во очите на јавноста незаслужено. Сигурен сум дека Заев не може и не сака да прифати едно такво преименување на Македонија.

Ги предупредувам апологетите да не ја повторат грешката што ја направија кога го бранеа советничкото место на командант Хоџа, со поголема љубов и посветеност од онаа со којашто Хоџа го брани Танушевци. Заев умее да згреши, но Заев умее и да си ја поправи грешката.

Ало будалетинки, не се залетувајте! На човекот можеби му е незгодно да ве замоли да не го браните. Го отепавте бранејќи го! Однапред го прогласивте за „предавник”. Го задушивте во вашата „љубовна” прегратка.

Оставете ги и него и преговарачите да преговараат. Не им е лесно. Не ги с`скајте да прифатат се што ќе им се побара. Не ги лажете дека така ќе ја спасат Мкедонија и дека на сите ама баш ни е сеедно како ќе се викаме.

Ниту било ниту ќе биде сеедно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...