„Ербас“ ќе ја напушти Британија ако нема договор со ЕУ

Компанијата има 25 објекти во Британија, каде произведува авионски крила. Во неа се вработени 14.000 лица на островот и уште 100.000 во нејзините филијали.

147

Европскиот производител на авиони „Ербас“ предупреди дека ќе ги повлече инвестициите од Велика Британија, бидејќи стравува дека британската Влада може да ја напушти ЕУ, без да постигне договор за преодниот период по Брегзит.

Компанијата соопшти дека ги проценила ризиците поврзани со Брегзит. Доколку земјата ги напушти „истовремено заедничкиот пазар и царинската унија, без преоден договор“, тоа ќе предизвика големи проблеми во нејзиното производство во Велика Британија и загуби од милијарди долари.

– Таквите сценарија ќе го принудат „Ербас“ да ги преразгледа инвестициите во Британија и својата долгорочна позиција во земјата- предупреди „Ербас“.

Компанијата има 25 објекти во Британија, каде произведува авионски крила. Во неа се вработени 14.000 лица на островот и уште 100.000 во нејзините филијали.

Велика Британија треба официјално да излезе од ЕУ на 28 март 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...