„Ербас“ го оквалификува брегзит како „срамен“

98

„Ербас“ го оквалификува брегзит како „срамен“ потег и се закани дека ќе ја напушти таа држава. Производителот на авиони дури објави и специјален видео повик до Лондон за да не се повлекува од ЕУ без никаков договор.

– Срамота е што две години по референдумот за брегзит во 2016 година компаниите се уште немаат шанса да ја планираат својата иднина. Ако сте навистина сигурни дека напуштањето на ЕУ е најдобро за Велика Британија, обезбедете се и обезбедете прагматичен договор за повлекување – рече извршниот директор Том Ендерс во видеото објавено на оваа тема.

Тој додаде оти „ако има тврд Брегзит, ќе мораме да преземеме една многу штетна одлука за Велика Британија. Ве молам, не ги слушајте поддржувачите на тврдиот брегзит“.

Ербас директно ангажирал 14.000 луѓе во Велика Британија, а покрај тоа обезбедува 110.000 нови работни места, нагласува Ендерс. Неговата копанија има фабрики во југозападниот дел на Англија, како и во Велс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...