ЕП ја осуди „непропорционалната“ употреба на сила од француската полиција против „жолтите елеци“

77
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Европскиот парламент ја осуди употребата на „непропорционална” сила од страна на полицијата во протестите на „жолтите елеци“, во резолуција поттикната од француската дебата за употребата на лансирни гумени проектили за одбрана (ЛБД) за време на протестите, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во резолуцијата, усвоена со 438 гласа, 78 против и 87 воздржани, пратениците ја „осудија употребата на насилство и несразмерната интервенција од страна на полицијата за време на протестите и мирните демонстрации“. Текстот не е насочен кон одредена земја-членка, но резултираше по дебатата во Стразбур на која присуствуваа неколку француски пратеници. Дебата, која беше по барање на коалицијата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (С & Д), Зелените и ГУЕ (Обединета европска левица), се одржа во понеделникот вечерта и на неа доминираше темата за ситуацијата во Франција со протестите на „жолтите елеци“ , иако таа се однесуваше и на други земји (Романија, Шпанија, Унгарија, Грција).

Францускиот европратеник од републиканците Рено Музелие го спореди претседателот Емануел Mакрон со „Јупитер кој се врати на земјата”, обвинувајќи го дека им попуштил на „жолтите елеци“ , „на штета на европските фискални правила“. Од своја страна, францускиот европратеник од Зелените, Јаник Жадо ја осуди употребата на гумени проектили, контроверзното оружје кое се користи од страна на полицијата за време на демонстрациите на „жолтите елеци“.

– Само во Франција, Полска и Грција постои неограничено користење на овие видови на оружја, кои, според медицинските тимови, се причина за повреди од воен карактер – истакна Жадо.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...