– Дванаесет партии од ЕПП од девет држави побараа исклучување или отстранување на Фидес – изјави лидерот на партијата Жозеф Доул.
Тој нагласи дека прашањето ќе биде разгледано на средба на 20 март. ЕПП е најголемата партија во Европскиот парламент и во неа се сите десничарски партии во Европа меѓу кои и ЦДУ на Ангела Меркел.
Унгарскиот премиер вчера рече дека тие кои бараат исфрлање на партијата Фидес од ЕПП во Европскиот парламент се „корисни идиоти“ и дека служат на интересите на неистомисленици од редовите на левиот центар.