Според информациите од корејското издание на „ET Њуз“, Епл одлучиле да се префрлат на OЛЕД дисплеи во своите паметни телефони од 2019 година.
Ова значи дека планираниот модел на ајФон со ЛЦД панел за оваа година може да биде последен со дисплеј од овој тип.
Одлуката на компанијата од Купертино е одлична вест за производителите на ОЛЕД дисплеи. Во моментов, најголеми се „Самсунг Дисплеј“ и „ЛГ Дисплеј“, но неколку кинески компании, исто така, инвестираат многу во технологијата и се очекува да бидат способни да го понудат потребниот обем наскоро.
Во исто време, транзицијата од ЛЦД на ОЛЕД сериозно ги загрижи инвеститорите и акциите на „Јапан Дисплеј“, кои во моментов се главни снабдувачи на панели на ајФон, паднаа за 10 отсто.
Досега, јапонскиот концерн сè уште нема производна линија за ОЛЕД и бара иден инвеститор да започне со масовно производство следната година