Епл достигна пазарна вредност од илјада милијарди долари

Акциите на компанијата на њујоршката берза вчера изнесуваа 201,5 долари, а денеска пораснаа за 2,75 отсто и достигнаа рекордни 207,05 долари.

74

Епл стана првата компанија во светот чија пазарна вредност достигна илјада милијарди долари.

Акциите на компанијата на њујоршката берза вчера изнесуваа 201,5 долари, а денеска пораснаа за 2,75 отсто и достигнаа рекордни 207,05 долари.

Вкупната вредност на компанијата Епл со ова надмина илјада милијарди долари, што досега не и успеа на ниту една компанија во светот.

Порастот на пазарната вредност на компанијата се случи два дена откако челниците на овој технолошки гигант соопштија дека оствариле зголемување на приходите кое ги надминува сите очекувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...