Епидемија на морбили во Њујорк каква што не е видена 25 години

175

Епидемијата на морбили во американската сојузна држава Њујорк достигна ниво какво што не е видено во САД во последните 25 години.

Официјалните лица соопштија дека минатата недела е забележан 71 нов случај на морбили, од кои 68 во Њујорк.

Во САД од почетокот на оваа година се регистрирани 626 случаи на мали сипаници, додека во 1994 година е забележан рекорд кога имало 963 заболени.

Морбили се забележани во 22 американски сојузни држави, но повеќето случаи се пријавени во државата Њујорк, односно во нејзиниот главен град и во округот Рокленд.

Најголем број случаи се регистрирани меѓу невакцинирани лица во еврејските ортодоксни заедници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...