Епидемијата на коронавирусот во Кина го забрани и снимањето на филмови и серии

Додека трае борбата против коронавирусот сите компании и работни групи, кои учествуваат во снимање на филмови и телевизиски серии, како и актерите во нив, треба времено да ја прекинат работата согласно наредбата на Владата, се наведува во соопштението.

143

Комитетот за кинематографија на Федерацијата на јавните радиодифузни сервиси во Кина забрани снимање на какви било филмови и телевизиски серии во целата земја поради епидемијата на коронавирусот (2019-nCoV).

– Додека трае борбата против коронавирусот сите компании и работни групи, кои учествуваат во снимање на филмови и телевизиски серии, како и актерите во нив, треба времено да ја прекинат работата согласно наредбата на Владата, се наведува во соопштението.

Комитетот за кинематографија нагласи дека доколку некоја филмска компанија го прекрши правилото ќе биде казнета согласно законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...