Познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се прослави известувајќи од разни делови на светот, беше постхумно награден со шест Еми награди за својата патеписно-готварска емисија „Непознати предели”.
Серијата беше наградена во четири категории, а самиот Бордејн доби две постхумни Емија – за сценарио за документарна програма и за информативна емисија. Токму наградата за сценарио е посебно значајна за екипата од серијата.
– Тони беше номиниран за ова Еми многупати, но никогаш не ја доби нарадата. Многу ја посакуваше. Затоа ја примам со задоволство измешано со горчина – истакна продуцентката Лидија Тенаљи.
Последните седум епизоди од шоуте ќе бидат емитувани на Си-ен-ен од 23 септември.
Ентони Бордејн изврши самоубиство на 8 јуни, на 61-годишна возраст, во Франција, каде што ја снимаше последната сезона од емисијата.
ФОТО: EPA-EFE/NINA PROMMER