Ентони Бордеин: Денови и ноќи во кујните, зависност од дрога и алкохол, бестселери и дрзок став – овој готвач беше вистинска рок ѕвезда!

Целиот свет го потресе веста за самоубиството на 61-годишниот одметник од Њу Џерси кој е најден обесен во хотелската соба во Стразбург. Ова е неговата животна приказна

1668

Ако е вистинита изреката дека сме она што го јадеме, тогаш нема ништо на светов што Антони Бордеин не бил. Биков пенис и овчи јајца, пржен ориз со црви и сирово очно јаболко од фока, цела жива кобра и неизмиен ректум од брадавичеста свиња – во своите телевизиски патувања пробал се што домаќините изнеле пред него, со еден предуслов: да е автентично и да е локално.

И веројатно тоа е тајната на неговата омиленост во светот на уживателите во телевизиското кулинарство, автентичноста му била нешто како прва директива и никогаш не криел кој е тој навистина ниту пак се срамел од сето она што бил некогаш. Тоа се одразувало во неговите книги и подоцна на ТВ екраните.

Не дозволувал во постпродукцијата да се бришат звуците на автомобилските труби и жагорот на минувачите, колку и да биле пречка. Не дозволувал сцените да се фабрикуваат, не ги правел оние вештачки сцени на поздравување со домаќинот ниту пак исфорсирани простувања.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...