Како пријател од училиште, а потоа и колега и член на бендот „Вем!“, Ендрју Риџли веројатно го познавал Џорџ Мајкл подобро од кого било друг. Така, тој неодамна ја најави и својата книга за нивното пријателство и основањето на популарното дуо.
Во делото под наслов „Џорџ и јас”, Риџли ќе го прикаже својот и подемот на Мајкл до славата и успехот, а ќе пишува и за нивниот заеднички проштален концерт одржан 1986 година на лондонскиот Вембли стадион.
Џорџ почина на Божиќ 2016., на 53-годишна возраст, а Риџли тогаш напиша: „Плачев како никогаш претходно во животот“. Тој и поранешните придружни вокали на групата, женскиот поп-дует Пепси и Ширли му оддадоа многу емотивно признание на Џорџ Мајкл на доделувањето на Брит Авордс 2017 година.
ФОТО: МИА