Музичарот Милиќ Вукашиновиќ не крие дека тешко се справува со смртта на својата ќерка Маја, која беше пронајдена мртва минатиот месец во Сараево.
На својот профил на Твитер тој објавил емотивна порака до Маја:
„На смртта можев да ѝ гледам во очи, не еднаш, туку ноќи и ноќи. Сега ужасно сакам да умрам и гробот да ми е во твоите очи, ѕвездо на тато“, напиша тој на Твитер.
ФОТО: Твитер