Министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати, Сухаил ал Масуери, изјави дека очекува цените на нафтата во текот на 2019 година да достигнат до 70 долари за барел, поради договорот за намалено нафтено производство меѓу ОПЕК и извозниците на енергенсот што не се дел од картелот.
Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) и другите водечки производители на нафта, предводени од Русија, во декември се согласија да го намалат производството на енергенсот на 1,2 милиони барели дневно, со цел да го балансираат нафтениот пазар.
Договорот стапи во сила во јануари годинава.
Говорејќи на конференција во Абу Даби, Ал Масуери изјави дека очекува годинава просечната цена на нафтата да изнесува околу 70 долари за барел, што, според него, ќе помогне во промовирањето на глобални нафтени инвестиции.