Емина Јаховиќ во два наврати ја раскинуваше врската со турскиот бизнисмен Садетин Саран, а турските медиуми веќе на големо пишуваат и пренесуваат дека милјардерот има нова љубов и веќе ја заборавил пејачката.
Новата избраничка се вика Метиша и е манекенка, а уште ја нарекуваат и турската Ким Кардашијан затоа што неверојатно личи на светски познатата старлета.
Емина се уште се нема огласено по повод ваквите шпекулации.
Турските медиуми тврдат дека љубовта меѓу Метиша и Садетин е родена, а светската јавност одамна е запознаена со неверојатната сличност со Ким Кардашијан. Метиша е модел, а на Инстаграм ја следат половина милион луѓе.
ФОТО: Инстаграм