Вкупниот број на испитаните французи кои се незадоволни од Претседателот Емануел Макрон се зголеми за три поени, на 68%, јавува дописникот на МИА.
Популарност на Емануел Макрон се намали за четири поени во јануари на 30% од 34% во декември, според анкетата на „Ифоп“ за „Журнал ди Диманш“.
Односно вкупното незадоволство од претседателот Емануел Макрон се зголеми за три поени на 68%.
Рејтингот на популарност на шефот на француската држава го достигна најниското ниво од 23% во декември 2018 година, среде кризата со „жолтите елеци“, пред да започне постепено искачување и стабилизирање во последните месеци на 33% и 34%.
Популарноста на премиерот Едуард Филип е исто така намалена за три поени, од 36 на 33%
ФОТО: EPA / HECTOR RETAMAL / POOL