Најголемиот нарко бос на светот Ел Чапо Гузман, кому му се суди во Њујорк, имал секс со мали девојчиња кои ги нарекувал витамини.
Сведоците на судењето на Хоакин Ел Чапо Гузман за последните три месеци од кога почна еден од најголемите судски процеси во САД, говореа за ужасните навики на нарко босот.
Мексиканскиот крал на дрогата, 61 годишниот Ел Чапо лично ги мачел и убивал своите соработници кои не му биле до крај лојални. Тој често имал сексуални односи со девојчиња, не постари од 13 години и ги нарекувал ,,витамини што живот ми значат”.
Еден од соработниците сведочеше дека лично му набавувал девојчиња на кои пред односот им ставал прашкаста материја во пијалокот. Друг соработник му носел фотографии на девојчиња, меѓу кои тој избирал кое да му го донесат на ранчот.
На семејството на девојчето му плаќал по 5 000 долари. Ел Чапо ги нагира ваквите наводи пред судот на Менхетн.