Ел Паис: Поради Косово, Шпанија стави вето на нацрт декларацијата за Самитот ЕУ-Западен Балкан

292

Шпанија ставила вето на нацрт декларацијата за Самитот ЕУ-Зпаден Балкан во Софија бидејќи премиерот Маријано Рахој не сака неговиот потпис да се најде на документ заедно со потписот на косовскиот премиер, објави „Ел Паис“.

Според весникот, причината „не е само политика“, туку и тоа што Маријано Рахој не сака неговото име и потпис да бидат на ист документ на исто ниво со потписот на претставникот на Косово, чија независност не ја признава Шпанија.

Шпанскиот весник наведува дека за таа информација добил потврда од повеќе извори, и дека Рахој најверојатно ќе ја напушти Софија и самитот пред да почне состанокиот.

На Самитот ќе бидат највисоки претставници на Србија, Црна Гора, Албанија, Македониоја, БиХ и Косово.

Рахој ќе биде присутен само ден претходно, за време на работна вечера заедно со останатите лидери на држави членки на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...