„Ел Паис“: Асанж возел скејтборд и се карал со персоналот во амбасадата

327

Ко-основачот на Викиликс Џулијан Асанж, по седум години минати во еквадорската амбасада во Лондон, во четвртокот беше уапсен од страна на британската полиција, откако Еквадор му го укина азилот.

Весникот „Ел Паис“ објави дека во периодот до 2017 година за обезбедувањето и поставувањето камери во амбасадата била задолжена шпанска фирма од Кадиз. Снимките покажуваат дека Асанж времето го минувал обидувајќи се да вози скејтборд, но и примал доста посетители. Фирмата испраќала извештаи за тоа кој го посетувал во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Но, тој исто така често влегувал и во расправии со вработените во Амбасадата, а посебно со персоналот задолжен за обезбедување.

Нему, исто така му се забележува и дека оставал голем неред во бањата, а ниту неговиот мачор, како што пишуваат американските медиуми, не се однесувал ништо подобро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...