Елтон Џон сними божиќна реклама која никго не остава рамнодушен ВИДЕО

1078

Синџирот на продавници за мебел и опрема за домаќинства „John Lewis $ Partners“ со новата реклама привлекува внимание на секој купувач. Рекламата им се допаднала на многумина посебно поради едноставната и интересна приказна. Главниот актер во рекламата е славниот музичар Елтон Џон кој свири клавир додека приказната тече наназад.

Во спотот се прикажани моменти од неговата кариера кои се нижат еден по друг. Од стадионските концерти, студијските свирки, настапите во клубовите. Во рекламата прикажано е и неговото сеќавање додека како момче свирел во црква и го забавувал своето семејство за време на роденденските забави, па се до моментот кога како мало момче, како подарок за Божиќ го добил својот прв клавир. На крајот на рекламата има емотивна порака која гласи дека некои подароци се и повеќе од подарок бидејќи некому буквално може да му го променат животот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...