Новогодишната елка пред центарот „Рокфелер“ во Њујорк е веќе поставена. Таа е висока 22 метри, на неа ќе има дури 50.000 светилки, а годинава оваа њујоршка атракција е подарок од истополов брачен пар.
Најпопуларното новогодишно дрво во светот ќе биде осветлено на 28. ноември и украсено ќе стои до 7. јануари 2019 година.Светилките на елката ќе бидат со должина од осум километри, a на нејзиниот врв ќе се наоѓа кристална ѕвезда „Сваровски“ тешка 450 килограми.
Првата елка пред центарот „Рокфелер“ е поставена во 1931 година, од работниците што го граделе центарот. Тие собрале пари и купиле елка од шест метри, а ја украсиле со украси направени дома. Две година подоцна „Рокфелер“ тоа го воспоставува како традиција.