Елизабета Втора до Трамп: Убедена сум дека заедничките вредности и интереси ќе продолжат да не обединуваат

Таа истакна дека го слават сојузништвото „кое со децении помагало да се осигураат безбедност и просперитет на двете нации” и истакна дека верува дека овој сојуз ќе трае уште многу години.

65

Британската кралица Елизабета Втора изрази увереност дека вредностите и интересите што ги споделуваат Велика Британија и САД ќе продолжат да ги обединуваат двете земји.

Во здравицата која синоќа ја одржа на банкетот во Бакингамската палата, приредена во чест на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, кралицата зборуваше за силата на економските односи на двете држави.

– Додека гледаме кон иднината, убедена сум дека нашите заеднички вредности и интереси ќе продолжат да не обединуваат – рече кралицата.

Таа истакна дека го слават сојузништвото „кое со децении помагало да се осигураат безбедност и просперитет на двете нации” и истакна дека верува дека овој сојуз ќе трае уште многу години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...