Елен Деџенерис се отвори за најлошите моменти од нејзините тинејџерски години, кога била манипулирана и сексуално малтретирана од очувот, а нејзината мајка не ѝ верувала кога ѝ го кажала тоа.
Славната водителка гостуваше во шоуто „My Next Guest Needs No Introduction“ на Netflix со Дејвид Летерман и зборуваше за кариерата, но и личниот живот. 61-годишната комичарка го опиша својот очув како „многу лош човек“ и раскажа како тој ја малтретирал.
Кога мајка ми беше надвор од градот, тој ми кажа дека почувствувал грутка во нејзината града и за да не ја вознемири, дека треба да ги допре и моите гради. Ме убеди дека мора да ги опипа моите гради и го направи тоа и повторно и повторно“, раскажала Елен.
Лута си сум себеси, затоа што бев преслаба да се спротивставам, имав 15 или 16 години. Тоа е ужасна, ужасна сторија и единствената причина поради која навлегувам во детали е зашто сакам другите девојки никогаш не дозволат некој да им го направи тоа“ , продолжила таа.
Елен ги советува сите девојки и жени да не молчат и да не страдаат во тишина.
Кога гледам личности кои гласно признаваат, особено сега, се разлутувам кога на жртвите не им се верува, затоа што ние не измислуваме“, призна таа.
ФОТО: EPA/TRACEY NEARMY