Елена Велевска и сопругот остануваат заедно, насилството простено

По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје.

934

Македонската фолк пејачка Елена Велевска, по десет години брак, во август годинава, потврди дека се разведува од бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко.

Пејачката покрена бракоразводна парница бидејќи со текот на годините семејното насилство станувало неподносливо. По исповедта на Елена следеа бурни реакции на социјалните мрежи, но и голема поддршка за нејзината одлука.

Сепак, сега таа ја промени својата одлука.

– По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта којашто ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање – открива за „Фокус“ Елена Велевска, една од најангажираните фолк-пејачки кај нас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...