ЕЛЕМ ќе продава вишоци струја

Количините, како што информираат од компанијата, се одредени согласно моменталната состојба на производните капацитети и нивото во акумулациите.

179

АД Електрани на Македонија в среда на аукција ќе продаде вишоци електрична енергија за периодот 25 февруари до 3 март 2019, во вкупни количини од 9.600 мегават часови електрична енергија.

Количините, како што информираат од компанијата, се одредени согласно моменталната состојба на производните капацитети и нивото во акумулациите.

На унгарската берза на електрична енергија (HUPX) моменталните цени за базна енергија за неделата од 25 февруари до 3 март изнесуваат 50,38 евра за мегават час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...