ЕЛЕМ: Пропуст во тендерската документација е причина за поништениот тендер

Паралелно со овој тендер, односно до избор на фирма со електронско наддавање, потенцираат, во скратена постапка се повикани пет фирми да достават понуди: „Шкорпион груп“, „Пом Аква“ Битола, ДГУ„ Пелистер“ Битола , СВ „Инвест“ Битола и „Еко клуб“ Битола.

211

Тендерот за избор на фирма за технолошко чистење во РЕК Битола е поништен на 6 март годинава откако е утврден пропуст во тендерската документација, т.е. во предметот на набавката. По добивањето на дополнителната документација од службата во рудниците во РЕК Битола, каде треба да се врши чистењето, следната недела тендерот повторно ќе биде објавен, реагира АД ЕЛЕМ на обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ  дека раководството на ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола и склучи милионски договор во четири очи.

Од ЕЛЕМ велат дека паралелно со овој тендер, односно до избор на фирма со електронско наддавање, потенцираат, во скратена постапка се повикани пет фирми да достават понуди: „Шкорпион груп“, „Пом Аква“ Битола, ДГУ „Пелистер“ Битола , СВ „Инвест“Битола и „Еко клуб“ Битола.

– Во непосредно јавно наддавање на 22.2.2018 најниска цена даде фирмата СВ „Инвест“ Битола, по што на 1.3.2018 е склучен договор со истата. Сумата која се исплаќа на оваа фирма за технолошко чистење во рудниците изнесува 193 денари по работен час, во што спаѓаат нето дневница и сите други издатоци-придонеси, превоз, исхрана, лични заштитни средства и надоместок за фирмата – појаснуваат до ЕЛЕМ.

Истата услуга-технолошко чистење во термоелектраната, додаваат, во моментов ја врши фирмата „Шкорпион Груп“-Битола за 190 денари за работен час.

– Сакаме да потенцираме дека чистењето на БТО системот во рудниците во РЕК Битола е работа во тешки услови и активност која не беше направена со години, и дека запуштањето на системот во целиот изминат период, влијаеше негативно врз работниот процес –  реагираат од ЕЛЕМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...