АД ЕЛЕМ продаде 12.000 мегават-часови вишок електрична енергија по просечна цена од 66.34 eвра за мегават час.
Компанијата информира дека од оваа продажба инкасирала 796.080 евра.
Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018 година.
„Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава. АД ЕЛЕМ досега продаде вкупно 217.560 мегават-часови со вкупен приход од 11.595.638 евра“, наведува компанијата.