АД ЕЛЕМ вчера продаде вишоци електрична енергија во количина од 19.080MWh, за вкупна сума од 1.621.956 евра, соопшти ЕЛЕМ.
– На аукцијата беа понудени количини за ноември 2018 година. Постигнатите цени по кои беше продадена електричната енергија беа 74,50; 70,50; 92,60 и 92,50 евра за MWh. АД ЕЛЕМ во текот на 2018 година седум пати продава вишоци електрична енергија на отворениот пазар. Преку овие аукции, оваа година се продадоа вкупно 339.040 MWh електрична енергија, во вкупна вредност од 19.778.649 евра, стои во соопштението.