ЕЛЕМ продава вишоци електрична енергија

Последната продажба во АД ЕЛЕМ се одржа на 3 мај годинава кога на беа продадени вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра.

186

ЕЛЕМ објавува продажба на вишоци на електрична енергија за јуни годинава во вкупни количини од 24.480 мегават часови, од кои 14.400 се „базна”, а 10.080 „врвна” електрична енергија.

Продажбата, како што информираат од компанијата, ќе се одржи во вторник на 22 мај во просториите на Дирекцијата на АД ЕЛЕМ – Скопје, по пат на аукциско наддавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија, со кои ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

– Во понатамошниот период ќе следуваат нови објави за продажба на вишоци електрична енергија за јули, благодарение на добрата оперативна производствена кондиција во која се наоѓаат термоелектраните и хидроелектраните на АД ЕЛЕМ, како и поради добрата оптимизација на производството која е направена во изминатиот период и која овозможува дополнително производство на електрична енергија- велат од ЕЛЕМ.

Последната продажба во АД ЕЛЕМ се одржа на 3 мај годинава кога на беа продадени вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...