ЕЛЕМ доделува три стипендии на студенти од Битолски универзитет

За да добијат финансиска поддршка од компанијата, студентите мораа да исполнат неколку критериуми меѓу кои и првпат да бидат запишани на прв циклус студии во прва година во академската 2017/2018 година и првиот семестар да го завршиле со просечна оценка не помала од 8,0 (осум).

49

Нови тројца студенти од Техничкиот факултет Битола потпишаа договори за стипендирање со АД ЕЛЕМ во Подружницата РЕК Битола. Студентите, како што информираат од РЕК Битола, првпат се стекнуваат со правото на стипендирање од страна на Државните електрани на Македонија, а се избрани на конкурсот што Техничкиот факултет во соработка со АД ЕЛЕМ го објави во јуни годинава.

За да добијат финансиска поддршка од компанијата, студентите мораа да исполнат неколку критериуми меѓу кои и првпат да бидат запишани на прв циклус студии во прва година во академската 2017/2018 година и првиот семестар да го завршиле со просечна оценка не помала од 8,0 (осум).

– Со новите тројца стипендисти, бројот на студенти од Техничкиот факултет Битола кои добиваат финансиска поддршка од АД ЕЛЕМ достигна 15. За секого од нив, компанијата издвојува по 6.000 денари месечно, десет месеци во годината, со желба да им го олесне патот до стекнувањето знаења кои подоцна би ги примениле на работни места во РЕК Битола или некоја од подружниците на Државните електрани на Македонија – велат од РЕК Битола.

АД ЕЛЕМ секоја година предвидува 25 стипендии за новозапишани студенти во прва година на пет државни факултети во Македонија. Заедно со новите три договори за стипендии, во моментов, има вкупно 48 стипендирани новозапишани и студенти во втора, трета и четврта година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...