ЕЛЕМ: Условите во тендерот за ископ на јаглен овозможуваат конкуренција на сериозни фирми

Од ЕЛЕМ велат дека демант на изреченото е документацијата која АД ЕЛЕМ и вчера и денеска ја става на увид на целата јавност и исто така на опозицијата.

180

ВМРО ДПМНЕ неколку дена ѝ дава на јавноста неточни информации и лажни конструкции во врска со јавни набавки во РЕК Битола, реагира АД ЕЛЕМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која беше искажан став дека тендерот е наместен.

Од ЕЛЕМ велат дека демант на изреченото е документацијата која АД ЕЛЕМ и вчера и денеска ја става на увид на целата јавност и исто така на опозицијата.

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека условите во тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола гласат: ,,Економскиот оператор во последните 3 години да има извршено ископ на најмалку 900 илјади тони јаглен или 1 милион м3 јаловина (земјени или карпести маси) или руда”, било каков вид.

Од компанијата тврдат дека условите во тендерот овозможуваат поголема можност за пријавување на што повеќе економски оператори, а од друга страна, условите се и натаму доволно ригорозни да овозможат пријавување само на фирми кои имаат технички и кадровски капацитет и референци за изведување на одговорна задача, како што е ископот на јаглен во РЕК Битола, од што зависи стабилноста на производствениот процес на електрична енергија за потребите на Р.Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...