Елези: Се зајакнува системот за спречување перење пари и финансирање тероризам

220

Перењето пари и финансирањето тероризам не се феномени кои ја заобиколуваат Македонија. Напротив, како дел од глобалната финансиска мрежа и правно – деловниот промет, но и поради својата природна, географска местоположба, Македонија е под закана од перење пари и финансирање тероризам, рече заменик-министерот за финансии Ширет Елези на денешниот семинар „Заштита на системите на банките од злоупотреби за целите на перење пари и финансирање на тероризам и улогата на одделите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам“.

Според Елези, почитувајќи ги меѓународните стандарди и препораки кои наметнуваат обврска мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам да се применуваат според проценетиот ризик, Владата усвои Национална стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам.

– Согласно стратегијата, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција како и другите надлежни органи се очекува да дадат одговор согласно кој системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам ефикасно ќе го штити интегритетот на финансискиот сектор и економијата од заканите на перење пари и финансирање на тероризам. Со тоа ќе се придонесе за зацврстување на националната сигурност и безбедност – рече Елези.

Во насока на зајакнување на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам е и денешниот семинар, наменет за високиот менаџмент од банките.

Директорот на УФР Блажо Трендафилов истакна дека доставените извештаи за сомнителни финансиски активности до УФР од страна на банките и другите субјекти завршуваат со 70 проценти доставени изврштаи до надлежните институции за спроведување на законот. Ова покажува дека банките и другите субјекти се добро обучени за препознавање и доставување на извештаи за сомнителни финансиски трансакции.

Семинарот го организираше Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам и Советот на Европа.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...