Елези: Македонија ги применува стандардите за борба против даночно затајување

Министерството за финансии информриа дека заменик министерката исјавила дека земјава до крајот на 2019 година ќе ги имплементира БЕПС (Base Erosion and Profit Shifting) стандардите.

95

Македонија ги следи меѓународните стандарди и трендови за спречување даночно затајување и избегнување плаќање данок, истакна заменик министерката за финансии Ширет Елези на конференцијата насловена „Подобрување на меѓународната соработка: Борба против даночната евазија“, која се одржува во Тбилиси, Грузија.

Министерството за финансии информриа дека заменик министерката изјавила дека земјава до крајот на 2019 година ќе ги имплементира БЕПС (Base Erosion and Profit Shifting) стандардите.

– Овие стандарди се однесуваат на намалување на можностите за избегнување на плаќање данок преку селење на профитот во таканаречените даночни раеви. Македонија соработува и со Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации- рекла Елези.

Таа додаде дека како правна рамка и основа за спречување даночна евазија, земјава ги користи и договорите за одбегнување на двојно оданочување какви што Македонија има склучено со 48 земји.

На конференцијата од високо ниво, учествуваа и министерот за финансии на Грузија Иване Макавариани, гувернерот на Централната банка на Грузија Коба Гвенетаџе, директорот на Центарот за даночна политика при ОЕЦД Паскал Сант-Аман и заменик министерот за економија и финансии на Албанија Елтон Хаџи.

На форумот учествуваат 20 земји со над 60 учесници, претставници на Министерства за финасии, народни банки, директори на управи за јавни приходи, претставници на Европската комисија, на Светска банка и ОЕЦД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...