ЕК ќе ја предупреди Бугарија за давање пасоши за инвестиции

121

Европската комисија ќе ја предупреди Бугарија поради практиката на давање пасоши на странци за инвестиции, јавија локалните медиуми.

Тоа е утврдено во извештај, кој се очекува да биде објавен утре. Некои светски агенции имале увид во нацрт документ во кој Комисијата тврди дека практиката богати странци да добиваат државјанство или постојан престој за големи инвестиции носи многу сериозен ризик од перење пари, корупција и затајување данок.

Во прелиминарниот текст на документот се наведени три земји од ЕУ во кои има слични практики – Бугарија, Малта и Кипар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...