ЕК ја повика Романија да го ревидира контроверзниот закон кој предизвика масовни протести

Демонстрантите во Романија сметаат дека судската реформа предложена од власта го декриминализира нарушувањата на законот од страна на политичарите.

175

Европската комесарка за правда, потрошувачи и полова еднаквост Вера Јoурова, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ ги повика романскиот власти да го ревидираат предлог-законот кој предизвика масовни протести против корупцијата во земјата.

Таа коментирајќи ги протестите истакна дека би било „корисно“ романската Влада да го „ревидира“ предлог-законот.

Демонстрантите во Романија, кои три дена протестираат сметаат дека судската реформа предложена од власта е „дизајнирана“ за да им служи на интересите на политичката елита, бидејќи, меѓу другото, ги декриминализира нарушувањата на законот од страна на политичарите.

Според демонстрантите предлог-законот ја загрозува независноста на судиите и ја поткопува довербата во судскиот систем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...