Европската комисија во Извештајот за напредокот на Црна Гора во предпристапните преговори со Европска унија наведува дека отворени се 30, а привремено се затворени три поглавија.
ЕК наведува дека понатамошното напредување на Црна Гора ќе зависи од постигнување на видливи резултати во слободата на изразување и медиумите, борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Во Извештајопт се наведува дека Црна Гора продолжува да остварува напредок во правна и институционална рамка, но практичното влијание на реформите се уште не е доволно видливо, а исто така нема напредок во областа на слободата на изразување.
ЕК препорачува и дека правосудниот систем на Црна Гора треба да покаже повеќе резултати.
– Напредокот во поглавијата на владеење на правото, демонстриран со видливи резултати, посебно во зајакнување на слободата на изразување и медиумите, како и докази во борбата против корупцијата и организираниот криминал, перењето на пари и трговијата со луѓе и натаму ќе го одредуваат темпото на пристапните преговори – се наведува во Извештајот.
ЕК истакнува дека забележан е напредок во законодавството поврзано со јавниот сектор, напредок во зајакнување на макроекономската и финансиската стабилност и почетокот на примена на среднорочна стратегија за фискална консолидација.
Но, во Извештајот се предупредува дека јавниот долг е висок и постојано расте.