Европската комисија соопшти денеска дека Унијата е подготвена за брегзит без договор и дека од таква варијанта најмногу би загубила Велика Британија.
– Комисијата во овој момент не смета дека е неопходно да се преземаат дополнителни мерки за подоготвка на такво сценарио – изјави портпаролката на ЕК, Наташа Берто.
– Брегзит без договор очигледно ќе направи големи потешкотии како за граѓаните така и за компаниите бидејќи ќе има значително негативни последици на економски план. Тие многу посилно ќе се почувствуваат во Велика Британија отколку во 27-те членки на Европската унија – изјави Берто.
Таа додаде дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер смета дека ако се спроведе брегзит без договор, Британците ќе загубат најмногу.