ЕК го поздрави апелот на Макрон за европска ренесанса

76
ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni

Европската комисија го поздрави денеска апелот на францускиот претседател Емануел Макрон за „европска ренесанса“, иако, како што наведе, таа веќе со години работи на многу идеи кои се спомнати од Макрон.

Портпаролката на ЕК, Маргарет Шинас прочита листа на идеи, на кои ЕК и нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер работат од 2014 година, меѓу кои се и идеите за погранична гарда и агенција за азил, како и предлозите за безбедност на храната и борбата со климатски промени.

– За европска ренесанса, Франција и ЕК водат иста битка – рече Шинас.

Таа заклучи дека за секој потег, кој бара измени на основачкиот договор, ЕУ мора да одлучи само меѓу државите членки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...