ЕК во целост ги споделува приоритетите на бугарското претседателство за Западен Балкан

- За организирање на средбата, работиме заедно со нашите бугарски партнери, изјави портпарол на ЕК во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан - закажан за 17 мај во Софија.

181

Европската комисија целосно ги споделува политичките приоритети на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во однос на Западен Балкан, изјави портпаролот на Европската комисија.

– За организирање на средбата, работиме заедно со нашите бугарски партнери, изјави портпарол на ЕК во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан – закажан за 17 мај во Софија.

Портпаролот потсети дека во февруари претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер ги посети сите шест земји од Западен Балкан.

– Имавме можност да се сретнеме со сите шест премиери во присуство на премиерот Бојко Борисов, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот на ЕУ за соседството Јоханес Хан во Софија, рече тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...