ОБНОВЕНО Екс министерот за правда Билент Салии стана заменик-генерален директор во МЕПСО

720

Екс-министерот за правда Билент Салии е избран за заменик директор во МЕПСО, потврди за Плусинфо Салии.

– Од вчера сум заменик-генерален директор на МЕПСО. Надзорниот одбор ме назначи за член на управниот одбор со задолжение за заменик генерален директор на МЕПСО – ни изјави Салии.

Тој оставката од функцијата министер за правда ја поднесе пред неколку месеци по според него, скандалозната одлука за случајот со малиот Алмир.

Според информации на Плусинфо, ДУИ по оставката на Салии му понуди да биде член на Државната изборна комисија, но тој не бил заинтересиран за столчето во ДИК.

Оставката на Салии од министерското место во правда беше во екот на најавите на премиерот Зоран Заев дека ќе има реконструкција на владиниот кабинет. Во јавноста оставката на Салии се коментираше дека е потег за да не биде сменет.

При реконструкцијата на Владата, СДСМ и ДУИ ги заменија ресорите правда и образование, односно министерката за образование Рената Дескоска стана прв човек на правда, додека во ресорот образование заменик министерот Арбр Адеми стана министер.

Потврда за назначувањето на Салии за заменик-генерален директор Плусинфо доби и од МЕПСО.

– Надзорниот одбор на МЕПСО го назначи г-дин Билен Саљији за член на Управниот одбор на друштвото кој ќе ја врши функцијата заменик на генералниот директор.

Билен Саљији беше министер за правда од јуни 2017 година до март годинава. Во периодот од 2011 до 2017 година бил директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Саљији има положено правосуден и нотарски испит. Од 2009 до 2011 бил директор во ЈКП „Врапчиште“, Општина Врапчиште, а од 2005 до 2009 година бил советник за односи со јавноста во Општина Врапчиште.

Саљији има завршено средно образование во гимназијата „Панче Поповски” во Гостивар и Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово. Билен Саљији е роден е во 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште, велат од МЕПСО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...