Во дворот на полициска станица во Задар ноќеска околу 2.30 часот експлодира засега непозната направа, соопшти денеска хрватската полиција.
Во моментот на експлозијата во близина на зградата немало дежурни полицајци или минувачи, па при инцдиентот нема жртви.
Ивршен е увид на местото на експлозијата, а во рамките на истрагата на сослушување се повикани повеќе лица.
Засега нема други детали за случајот.