Четири лица се повредени во експлозија што се случи денеска во складиште за муниција во воена база во рускиот регион Краснојарск. Министерството за вонредни состојби нареди евакуација на населението во радиус од 20 километри.
Евакуирано е населението што живее во близина на военото складиште во Ачинск.
Според шефот на округот Евгениј Росангугов, сѐ уште има експлозии и на никој не му е дозволено да пристапи кон складиштето.