Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

166

Повеќе од 40 лица се повредени денеска при експлозија во ресторан во Сапоро, главен град на јапонскиот остров Хокаидо.

Според полицијата, во инцидентот се повредени 42 лица, од кои повеќето се со повреди од среден степен,а едно лице е во тешка состојба.

Како што пренесуваат јапонските медиуми, по екслозијата се почувствувал силен мирис на гас.

Локалните власти соопштија дека ќе им обезбедат престој на жителите кои живеат во близина на инцидентот, со цел да го избегнат вдишувањето на штетните гасови од експлозијата.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а ресторанот  е целосно уништен.

Сѐ уште не се познати причините за експлозијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...